| четврток, 6 декември 2018 |

Едита Тахири: Нема да има српски избори на Косово

srbija-kosovo-znameСрбија не може да организира избори на Косово. Таа е соседна земја, а Бриселскиот договор за нормализирање на односите го означи крајот на мешањето на Белград во внатрешните работи на Косово, изјави шефицата на приштинскиот преговарачки тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири.
Таа потсети дека косовскиот Устав гарантира право на двојно државјанство, што им овозможува на косовските Срби да гласаат, но само по пат на технички модалитети кои ги овозможува мисијата на ОБСЕ.
Претставници на мисијата на ОБСЕ изјавија дека се уште не добиле официјално барање да го олеснат процесот на гласање на 16 март, кога ќе се одржат парламентарните избори во Србија.
Според приштинските медиуми, косовски аналитичари оценуваат дека одржувањето на српските парламентарни избори на Косово е незаконско и надвор од уставните рамки на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top