Вчера, во куќа сопственост на К.Ч. на ул.„Митко Шекерински“ во Штип, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел ловна пушка која оштетениот ја поседувал со дозвола.
Имено, тешката кражба сторителот ја извршил на начин што насилно дејствувал на влезната врата и откога влегол во внатрешноста на куќата извршил пребарување во сите простории при што ја одзел пушката и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


