| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворени Зимските параолимписки игри во Сочи

Sochi 2014 Paralympic Games

Со свечена церемонија вечерва, во Сочи, Русија беа отворени Зимските параолимписки игри. Игрите за отворени ги проласи рускиот претседател Владимир Путин.

На 11-те Зимски параолимписки игри уќествуваат и спортистите од Украина, за чие присуство имаше доста шпекулации во изминатите денови, поради политичката криза во Украина.
Знамето на Украина го носеше биатлонецот Микаило Ткаченко, кој беше бурно поздравен од публиката на олимпискиот стадион Фишт.

Sochi 2014 Paralympic Games
Ткаченко сам излезе на церемонијата, додека неговите 23-ца сонародници останаа во тунелот на стадионот и остана нејасно зошто не излегоа на свеченото дефиле.
На Игрите ќе учествуваат 585 спортисти од 45 земји, кој ќе се натпреваруваат во 72 дисциплини во пет спортови.
Параолимписките игри ќе завршат на 16.март.

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top