
Еден повозрасен маж од италијанскиот град Тревизо побарал проститутка преку специјализирана агенција, но бил шокиран кога на вратата се појавила девојката на неговиот 40-годишен син, кој по потекло била од Јужна Америка.
На мажот и на неговата несудена снаа целиот случај им бил многу непријатен, по што „девојката на повик“ набрзина си заминала.
Збунетиот татко сепак решил да му каже на својот син дека неговата девојка е проститутка, а не келнерка, како што тврдела. Но, наместо на девојка му, синот се налутил на таткото и меѓу нив избила жестока расправија што завршила со тепечка.
Целиот случај завршил и на суд затоа што синот го тужел таткото за нанесени повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


