| четврток, 6 декември 2018 |

Германија троши 27,6 милијарди евра во е-трговија

Германците преку интернет потрошиле 11 милијарди евра за облека, а годинава се смета дека ќе потрошат 33 милијарди евра

Германските трговци на мало се загрозени од експанзијата на интернет трговијата. Статистиката вели дека една од десет набавки во Германија се прави преку платфпрма за електронска трговија. Секако дека се очекува рапиден раст со ширењето на мобилната технологија. Лани онлајн шопингот во Германија е зголемен за 27 проценти што изразено во пари изнесува трансакции од 27,6 милијарди евра. h_00880380

Во овие пари не се вброени и авиобилетите, картите за воз, туристичките аранжмани и за културни настани, што сумата ја поткреваат за уште 9,7 милијарди евра. Дури 9,2 проценти од вкупната трговија на мало е направена преку интернет. Од сите овие „тешки“ милијарди, дури 11 се дадени за – облека. Се очекува дека годинава преку интернет германците ќе потрошат 33 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top