
Кампањата за предвремените парламентарни избори, наместо на 7, ќе почне на 5 април, одлучи Државната изборна комисија (ДИК) едногласно. За време на молкот за претседателските активностите ќе сопрат и за парламентарните избори.
ДИК денеска го донесе роковникот за предвремените парламентарни избори со кој увидот на избирачкиот список почнува на 16 март, листите на кандидати за пратеници треба да бидат доставени до највисокото изборно тело до 29 март, а ждрепката е на 3 април. Денеска завршува увидот во избирачкиот список за претседателските избори. Македонските државјани кои престојуваат или живеат во странство од вчера до 31 март ќе можат да поднесат барање за гласање на предвремените парламентарни избори.Дијаспората ќе гласа на 26 април, еден ден пред предвремените парламентарни избори. Пратеник од странство повторно ќе може да се стане за 400 гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


