– Старите лица и пензионерите имаат право да бидат рамноправни граѓани и да бидат заштитени од дискриминација. Сите членови на едно општество се способни на одреден начин го дадат својот корисен придонес во заедницата. Затоа обврска на државата, а особено наша заедничка човечка обврска е да направиме сѐ за обезбедување услови старите лица и пензионерите да имаат достоинствена старост – порача министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на денешната трибина за правата на пензионерите по повод Денот на жената – 8 Март.
Вие, порача Спасов, сте патоказот и совеста на нашето општество, а ние ја имаме мисијата да ви го овозможиме тоа што го заслуживте, така како што идните генерации ќе го прават тоа за нас.
– Секоја доба во животот носи можности и бенефити. Во третата доба, активно може да се придонесува и да се остварува. Пензионерите се почитуван фактор во нашата држава бидејќи вие ја градевте. Преку бројните иницијативи и заложби, го збогатувате амбиентот на секојдневието. Не се сомневам дека и пензионерките, во духот на традицијата, вложуваат напори за подобрување на статусот на пензионерите – рече Спасов.
Тој додаде дека показател за вниманието кое оваа Влада го посветува на старите лица и пензионерите се, како што рече, бројните реализирани проекти.
– Во таа насока е и дополнителното зголемување на пензиите кое се реализира со мартовската исплата, при што линеарно се зголемија пензиите за 5 проценти, односно пензионерите ќе добиваат зголемена пензија за 600 денари. Вкупното зголемување на просечната пензија од 2006 година до денес изнесува 62 отсто, што е вистински факт и показател за нашата грижа за пензионерите – рече Спасов.
Додаде оти во насока на унапредување на условите за живот на старите лица и пензионерите се и отворањето на домови и дневни центри за стари лица.
– Пред неколку дена го отворивме комплетно новиот дом за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, инвестиција вредна околу 850 илјади евра. Продолжуваме и со отворање голем број дневни центри за стари лица. Пред кусо време го отворивме центарот во Гази Баба, а во
завршна фаза се и оние во Неготино и во Чешиново-Облешево, а план ни е годинава да се отвори и центар во Виница. Исто така, зголемени се и капацитетите на приватните домови, отворени се вкупно 15 приватни домови – потенцираше министерот за труд и социјална политика.
Тој истакна оти како Министерство реализираат и голем број проекти со Црвениот крст на Република Македонија и на Град Скопје.
Задоволство од грижата на државата изрази и претседателот на Здружението на пензионери, Драги Аргировски.
– Државата води грижа за зголемување на стандардот на пензионерите и за создвање услови за достоинствена старост. Очекувам оваа динамика во иднина да биде уште позасилена и на таков начин да се создадат ууслови за достоинствена старост, здрав и активен старски живот – рече Аргировски.
Сузана Тунева- Пауновска од Црвен Крст на Град Скопје посочи оти на денешната трубина ќе се проговори за улогата на жената пензионер во нашата заедница и општеството, бидејќи, како што рече, таа носи во себе едно големо професионално и работно искуство.
Таа истакна оти на трибината ќе бидат поставувани прашања и ќе се даваат предлози врз основа на кои ќе се преземаат активности кои ќе се реализираат наредната година, а како што рече, ќе имаат за цел да ги унапредат условите за живот на старите лица и пензионерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)