| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот паметен телефон со заоблен екран единствено во „Вип“

Операторот „Вип“ продолжува со традицијата на своите корисници да им ги прави достапни најсовремените технолошки достигнуваања во светот на мобилните комуникации. Под мотото „Oбликот на иновацијата“, „Вип“ за првпат на македонскиот пазар го претставува првиот флексибилен смартфон со заоблен екран LG G Flex, ексклузивно и единствено достапен во продажната мрежа на „Вип“.

Покрај иновативниот заоблен дизајн, кој одговара на природната форма на лицето и  на раката на корисникот, заобленоста на LG G Flex 6.0 OLED екран овозможува импресивно искуство при гледање во него, исполнето со живописни бои, а истовремено и со намален отсјај (предизвикан од рефлексија на светлината). Исто така, заоблениот екран овозможува исполнување на видното поле на корисникот и фантастичен панорамски преглед на содржините што се гледаат.

Одличната 13 МР камера на LG G Flex му овозможува на корисникот да ги овековечи сите свои важни моменти во висока резолуција од 4160 x 3120 пиксели, корисникот без проблем може да прави прецизни ноќни фотографии или пак да снима видеа, кои потоа може да ги гледа на експанзивниот екран, да ги отпечати или сподели со своите пријатели.

Моќниот Qualcomm Snapdragon ™ ® 800 2,26 GHz Quad – core процесор овозможува беспрекорно функционирање на телефонот дури и кога повеќе апликации се во функција истовремено.

Вградената Li-Po 3500 mAh батерија овозможува солидни 15 часа за разговори, додека времетрањето на батеријата во мирување е 720 часа.

Како доказ за уникатноста на LG G Flex е неодамнешното признание од страна на Меѓународниот форум за дизајн (International Forum Design), настан кој има за цел да ги препознае и промовира производите кои се одликуваат со извонредност и иновативност во нивниот дизајн. LG G Flex од страна на жирито на форумот е пофален поради неговиот кориснички интерфејс и заоблениот екран кои придонесуваат во целокупното корисничко искуство во поглед на ергономичноста и квалитетот.

LG G Flex е веќе достапен за корисниците „Вип“ во продажните центри на „Вип“ во земјата, по цени почнувајќи од 22.999 денари во постпејд тарифата Vip Free +No limit+ со договор на 24 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top