| четврток, 6 декември 2018 |

ДНК-анализата покажа дека Брендон е син на Мајкл Џексон

Еден од најпознатите интернет-портали „ТМЗ“ објави дека според резултатите на ДНК-анализата речиси 99 отсто е сигурно дека Брендон Хауард е син на Мајкл Џексон.

Иако сè уште не се знае во која лабораторија е направена ДНК анализата, светските медиуми тврдат дека примероците, наводно, се совпаѓаат. Анализата е спроведена со помош на забната протеза на Мајкл, која е купена на аукција.

Мајката на Брендон, Мики, госпел-пејачка, Џексон ја запознал во 1982 година. Таа тогаш била позната под името Били. Една година по нивната средба починатиот крал на попот ја објави песната „Billie Jean“.

Текстот на песната зборува: „Били Џин не е моја љубовница. Таа е само девојка што тврди дека јас сум вистинскиот. Но малиот не е мој син“.

Ако се верува на овие стихови Мајкл знаел за Брендон, но не сакал да го признае. Мики дури го запознала и таткото на Мајкл, Џозеф Џексон. Евентуалниот син на пејачот сега почнува со својата музичка кариера.

Адвокатот на Мајкл Џексон, Хауард Вајџман, изјави дека никогаш не слушнал за Брендон.

– Рокот за докажување дека е син на Мајкл одамна помина – рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top