| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за 62-годишен педофил од Дебар

ПС Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „силување“, поднесе кривична пријава против Ќ.И.(62) од Дебар.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21 до 28 февруари годинава, при што и покрај покажаното спротивставување присилил и извршил обљуба врз 14 годишно момче од Дебар.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top