Во голема полициска акција, која сѐ уште е во тек, се приведуваат цариници од граничниот премин „Ново Село“, дознава „Пресс 24“ од извори во истрагата.
Според првичните информации, цариниците во соработка со поголем број цивилни лица, кои, исто така, се приведуваат, подолг временски период шверцувале стока од Бугарија.
Апсењето се одвива во повеќе градови во земјава, меѓу кои е и Струмица, од каде што се најголем дел од осомничените. Според неофицијалните информации, приведувања има и во Штип и во Богданци.
Во соработка со УЈП и со Царинската инспекција почнуваат контроли во повеќе градови во земјава каде што во различен вид продавници можела да се најде шверцувана стока, дознаваме од извори во истрагата. Цел се објекти во Скопје, Струмица, Прилеп, Куманово, Виница и во Штип.
Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.