| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски покани набљудувачи на предвремените парламентарни избори

trajko-veljanovski

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чиишто статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

Вељаноски, во согласност со уставните и законските надлежности, вчера потпиша решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 27 април 2014 година, заедно со вториот круг од изборот на претседател на Република Македонија, доколку претседател не биде изберен во првиот круг на 13 април.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top