Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека одржувањето на планираниот референдум за припојување на украинскиот полуостров Крим кон Русија претставува кршење на меѓународното право.
– Планираниот референдум за иднината на Крим би претставувало кршење на украинскиот Устав и меѓународното право. Легитимната Влада на Украина мора да биде вклучена во секоја евентуална дискусија за иднината на земјата – посочи Обама.
Врховниот совет на Крим денеска донесе принципиелна одлука за влегување на Автономната Република Крим во состав на Руската Федерација. За прашањето ќе се решава на референдум кој ќе се одржи на 16 март во Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



