ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната партиска прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на која обвини дека изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица е сомнителна, бидејќи грчката фирма „Актор“ е избрана како најповолен понудувач, иако италијанска компанија дала пониска понуда за 40 милиони евра.
– Тоа што е против Владата е очекувано, бидејќи изградбата на автопатот од Смоквица до Демир Капија е крупен инфраструктурен проект, проект кој го реализира токму оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се комплетира клучниот транспортен коридор во земјава. Но, СДСМ ја става под прашање и транспарентноста и интегритетот на ЕБРД и ЕИБ, двете главни финансиски институции на ЕУ, како и на самата Европска унија која го поддржа проектот со 45 милиони евра од ИПА средствата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Шилегов.
Целата постапка на јавната набавка, се додава, е координирана од делагацијата на ЕУ и соодветните тела на ЕУ, кои немаат ниту една забелешка на процесот.
– Со неточни и паушални обвинувања, не само што се нарушува угледот на националните институции, кои совесно и компетентно ги извршуваат обврските во процесот на ефективно и ефикасно искористување на средствата дадени на располање од страна на Европската унија и меѓународните финансиски институции, туку се доведува и во прашање и кредибилитетот на меѓународните партнери кои се дел од овој проект и се вклучени и детално запознаени со целиот процес – велат од владејачката партија.
Од таму додаваат дека тендерската документација и објавувањето на тендер беше одобрено од страна на службите на Европската комисија во координација со другите финансиери, имено ЕБРД и ЕИБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



