| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица се повредени во престрелка меѓу имигранти и крајбрежна стража во Грција

brodgrcija

Тројца илегални имигранти се повредени денеска во Грција во престрелка со припадници на грчката крајбрежна стража.

Имигрантите, двајца мажи и 19-годишна девојка, се пренесени во болница на егејскиот остров Хиос со повреди од огнено оружје. Тројцата ранети се наоѓаат надвор од животна опасност.

До престрелката дошло кога чамец полн со имигранти се обидел да му побегне на патролен глисер во близина на малиот грчки остров Хиос и турското крајбрежје.

Уапсени се двајца осомничени шверцери со луѓе, кои се обидувале да ја пренесат групата од Турција во Грција, како и 16 илегални имигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top