| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен лидерот на проруските протести во Доњецк

donjeck

Лидерот на проруските протести во украинскиот град Доњецк, Павел Губарев,  е уапсен денеска во неговиот стан.

Десетмина припадници на украинската Служба за безбедност го упасиле Губарев под обвинение „за непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“. Губарев не се спротивставил на апсењето.

Бизнисменот од Доњецк ги предводеше демонстрантите, кои ја блокираа зградата на регионалната администрација и на неа го истакнаа руското знаме, се додека вчера украинските власти повторно не ја презедоа контролата.

Губарев себе си се нарече „народен гувернер“ и побара од пратениците во локалната администрација на Доњецк да ги прекинат врските со Киев, како и да го постават за прв човек на полицијата во овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top