| четврток, 6 декември 2018 |

Кери и Лавров повторно без договор за украинската криза

jon keri sergej lavrov

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по денешната средба со американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека се уште не е постигнат договор за украинската криза.

Лавров се сретна со Кери на маргините на конференцијата за Либија во Рим. Тоа беше втор состанок меѓу Лавров и Кери за два дена .

Рускиот министер за надворешни работ истакна дека  евентуалното решение за украинската криза мора во целост да го поддржат сите региони од Украина, вклучително и Крим.

Лавров додаде дека Кери го уверил оти американската Aдминистрација досега не ставила руски граѓани на црната листа.

Лавров и Кери вчера се сретнаа и во Париз, каде исто така разговараа за кризата на украианскиот полуостров Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top