Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов ги потврди натписите на „Република“ , од пред два дена, дека една четвртина од делегатите не присуствувале на Конгресот каде партијата прогласи свој кандидат за претседател. Само неколку часа пред Конгресот беше најавено присуство на 727 делегати, а присуствуваа и гласаа 588.
-Присуството на делегатите на Конгресот не е задолжително. Беше исполнет статутарниот услов за валидно гласање на Конгресот – рече денеска Шилегов.
„Република“ пред два дена објави дека повеќе од 130 членови на највисокото тело на опозиционата СДСМ не гласале за единствениот кандидат за претседател на најголемата опозиционата партија на партискиот конгрес на кој се бираше кандидат за претседател.
Дел, пак, од оние што одбија да присустуваат на конгресот атмосферата ја оценуваат како понижувачка. Со последниот 16 ти конгрес СДСМ стана една од ретките партии во Европа каде што партиски конгрес завршил без повеќе кандидати и без контра гласови, дури и без воздржани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.