| четврток, 6 декември 2018 |

НБА чекаше половина век за играч како Вестбрук (видео)

Расел Вестбрук направи вистински подвиг на мечот со Филаделфија сиксерс откако за само 21 минута игра постигна 13 поени, 10 скока и 14 асистенции. Тоа е најбрз троен ефект во НБА лигата во последните 58 години, а на Расел му недостигаат помалку од 4 минути за да го собори рекордот на Џим Такер од 1955 година.

Такер тогаш стигна до двоцифрени бројки во три категории за само 17 минути, што е фантастично брзо остварување, најбрзо во историјата на НБА-лигата.

Вестбрук е веднаш зад него, а за да се оствари таков подвиг секако крај себе треба да имате кошаркари од калибарот на Кевин Дурент. Извонредниот Дурантула погоди сѐ што како асистенција до него стигна од Вестбрук, патем и тој неколкупати го пронајде соиграчот од Оклахома во чисти ситуации за кош и многу му помогна да оствари двоцифрени бројки во три категории.

Тандерс го добија мечот со 125-92, а извонреден беше и Дурент со 42 поени и 9 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top