Охридскиот разбојник Горан Проев, кој осум месеци се криеше од македонската полиција, е уапсен во Врњачка Бања. Тој со својот пријател лани прелажаа брачна двојка од Скопје, ја издрогира и ја остави на Галичица.
Српската полиција минатиот месец го приведе Проев за кражба на техничка стока од бугарски државјанин во вредност од 1.000 евра.
Од СВР Охрид за „Канал 5“ го потврдија настанот, велат распишана е меѓународна потерница за Проев, по што се очекува Министерството за правда да побара екстрадиција.
Проев беше во бегство од 5 јуни лани, кога заедно со неговиот пријател место да ѝ продадат „мерцедес“ на брачна двојка од Скопје, ги издрогираа луѓето во стан во Охрид. Потоа ги ограбија, претепаа и ги оставија на врвот на Галичица.
45-годишниот скопјанец и неговата 39-годишната сопруга, кои преку оглас на „Фејсбук“ во Охрид дојдоа да купат половен автомобил, завршија со повреди во градниот кош, главата и по екстремитетите, а останаа и без 3.500 евра.
Проев се криеше од македонската полиција осум месеци, додека неговиот пријател соучесник веќе издржува затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.