| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите ја пријавиле како исчезната, полицијата ја фати со марихуана

СВР Тетово поднесе кривична пријава за 17-годишната А. М  од Тетово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во текот на мај 2013 година, на ул. „Јане Сандански“ во Тетово, по изврешно легитимирање на пријавената, таа е приведена во СВР Тетово бидејќи нејзините родители претходно ја пријавиле како исчезната.

Притоа кај А.М. е пронајден 1,97 грам наркотична дрога марихуана, која претходно ја набавила од непознато лице од Тетово за износ од 300 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top