Вчерашниот ден во светот на фудбалот беше резервиран за натпреварите меѓу националните репрезентации, а најимпресивната изведба ја покажаа фудбалерите на Бразил.
Фудбалерите на Бразил на гости ја совладаа екипата на Јужна Африка со резултат 5-0, Нејмар постигна хет-трик, но младиот фудбалер се истакна и по натпреварот.
По завршувањето на мечот, едно момче некако успеа да влезе на теренот за да ги запознае своите идоли, а Нејмар му го исполни сонот.
Обезбедувањето го сопре момчето и сакаше да го изнесе, но бразилскиот ас го гушна момчето и го однесе кај остатокот од екипата.
Бразилските фудбалери заедно со момчето ја прославија победата, а направија и неколку фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.