| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Собранието денеска ќе ги распише парламентарните избори

Trajko-Veljanovski-top

Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието на Република Македонија денеска во 12 часот ќе ги распише предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 27. април, истовремено со вториот круг од изборите за претседател на Република Мкаедонија.

Собранието вчера со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот пратенички состав.

Иницијатива за предвремени избори во Парламенот во саботата поднесе пратеничката група ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на ДУИ го подржаа и опозициските СДСМ и ДПА, како и од другите помали политички партии. Ова ќе бидат трети предвремени парламентарни избори во Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top