Рафаел Надал уживаше на прекрасните плажи во Мексико со девојката Марија Циска Парелјо, пред новиот предизвик во пустинскиот предел на Калифорнија и турнирот во Индијан Велс, каде што ќе ја брани титулата.
Рафа и Циска најдоа време и за нов спортски предизвик, веслање кајак, а кормилар беше прекрасната девојка на шпанскиот тенисер.
Надал во Мексико ја прослави титулата од Рио де Жанеиро, а од понеделник ќе ја почне одбраната на трофејот на таканаречениот петти гранслем, односно на турнирот на АТП во Индијан Велс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





