– Стапката на невработеност во Франција се намали за 0,1 процент во четвртото тримесечие на 2013 година, поминувајќи на 9,8 проценти од активното население во европскиот дел на Франција, односно 10,2 проценти, заедно со прекуморските департмани – јавува дописникот на МИА од Париз.
Министерот за труд Мишел Сапан веднаш ја коментираше добрата вест како „во согласност со амбициите“ на претседателот Франсоа Оланд, кој сакаше да се намали невработеноста на крајот од минатата година.
Ова, според францускиот министер, е прво намалување на невработеноста од средината на 2011 година. Начинот на пресметувањето на стапката на невработенсота, овој пат, беше направено според методите на Меѓународното биро за труд.
Но, од друга страна, втoриот „барометар“ на невработеноста во Франција, покажува дека бројот на запишаните во Центрите за вработување продолжил да се зголемува на крајот од 2013 година, што е во спротивност од ветувањата на претседателот Оланд, дека невработеноста ќе се намали. Според статистиката на Меѓународното биро за труд, бројот на невработените е стабилна во текот на минатата година и бројките што доаѓаат од бирото се земаат како поверодостојни од страна на економистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



