| четврток, 6 декември 2018 |

Бурано – најживописен остров на светот

OSTROV

Бурано е остров на северниот дел од венецијанската лагуна, оделечен од Венеција само 40 минути возење со брод. Како и секој остров, има душа и харизма, а уште од римското време на овој остров главна дејност е рибарството, но и уметноста на изработка на тантела. Но, најголема атракција на островот се неговите разнобојни куќи кои го прават островот еден од најживописните во светот.

burano-125

Бурано го основале Римјаните што се селеле од страв од налетот на варварите и градот го именувале по еден од своите поранешни градови. Во почетокот куќите ги граделе од плетени трски, но со време ги замениле со куќи од тула, кои почнале да ги бојат во светли и итензивни тонови, што подоцна станало и заштитен знак на островот.

burano-105

Не се знае точната причина поради која жителите почнале да ги бојат куќите во светли бои, но постои приказна дека рибарите се решиле на тој потег од едноставна причина – наутро, кога се враќале од ловење риба, низ густата магла да ги препознаат своите домови.

burano-3-16

Ако некој сака да ја пребои куќата, прво мора да испрати барање до локалната власт, која потоа решава дали таа одредена боја, навистина, одговара на тој дел од островот каде што се наоѓа куќата. Иако островот е населен уште од шестиот век, тој станува интересен за другите кога жителите почнуваат да ја изработуваат тантелата, која ја везат со игли.

burano-115

Тантелата многу брзо станала главен извозен производ на Италија во Европа.

burano-12

Денес тантелата уште се произведува, но, за жал, само мал број жени ја изработуваат на традиционален начин и затоа е многу скапа.

page2-1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top