| четврток, 6 декември 2018 |

И Македонија ќе потоне во мрак

zemja temnina

Многу познати личности од Македонија и регионов оваа година ќе ја поддржат акцијата „Часот на планетата Земја“ и ќе ги исклучат светилките на 29 март во 20.30 часот.

Денеска имаме чест да ви ги најавиме нашите први медиумски амбасадори, кои преку видеопорака ги повикуваат граѓаните на вклучување во акцијата.

Во „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат познатиот водител Димитар Атанасовски заедно со својата партнерка од шоуто „Танц со ѕвездите“, Јована Василева, професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ, позната по телевизиското појавување во емисиите „Кажи ако смееш“ и „Сексуална азбука“, како и македонската водителка во „Икс-фактор“, Снеже Велков.

Тие ве повикуваат да се вклучите во акцијата „Часот на планетата Земја“ и да ги исклучите светилките како симболична порака за спас на Земајта.

– Не треба да имате икс-фактор за да ја спасите планетата – вели Снеже Велков, додека професорката Алексиќ додава дека има нешто еротско и во штедењето струја.

– Ова е само првата тројка од видеопораки кои се објавуваат во рамки на кампањата „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“ поврзана со активностите на „Часот на планетата Земја во Македонија“. Наредните денови ќе објавиме три нови познати личности кои ја поддржуваат нашата акција и иницијатива за спас на планетата Земја – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на „Часот на планетата Земја во Македонија“.

Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20.30 часот по локално време во мрак ќе потонат преку 8.000 града низ 154 држави низ светот, а меѓу нив е дел и Македонија.

web

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top