Бразил ја декласира репрезентацијата на Јужна Африка со 5-0 во денешниот пријателски меч, а главна ѕвезда беше напаѓачот на Барселона Нејмар. Тој постигна 3 гола, а беше прецизен во 40., 46. и 91 минута.
Сепак за убавите голови беа задолжени двајцата негови соиграчи Оскар и Фернандињо. Оскар го отвори резултатот со мајсторски лоб-удар по 10 минути игра, а брилијантен гол постигна играчот на Манчестер сити, Фернандињо со топовски удар во 79. минута.
Интересно е што Бразилците во двете полувремиња играа со различни дресови, но ритамот беше ист, одличен во сите 90 минути. Во првиот дел „кариоките“ настапија со препознатливите дресови со жолта боја, а во второто полувреме играа со сини дресови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)