| четврток, 6 декември 2018 |

Луксузен брод останал без гориво, патниците во хаос

carnival1
Луксузниот брод “Карнивал Триумф” во неделата останал без гориво среде Мексиканскиот залив, по пожарот кој избил во погонскиот дел на бродот.

Светските медиуми јавуваат дека состојбата на бродот е драматична, бидејќи снемало струја, а веќе некое време не работат тушевите, тоалетите и клима уредите. Патниците по четири часа чекаат во ред за храна, а избиле и првите тепачки за храната

Дел од присутните истакнуваат дека патниците спијат на палубата затоа што во кабините е неиздржливо топло, вода тече од запушените санитарни одводи, теписите во кабините се натопени со урина, а фекалии истекуваат по ѕидовите.

Брод кој припаѓа на истата компанија “Карнивал круз лајнс” , “Карнивал леџенд”заминал во помош на застанатиот брод, но само за да достави храна и чамци за спасување.

Шефот, на компанијата, Џери Кејхил вети дека на сите патници ќе им бидат вратени парите, вклучувајќи ги сите пари со кои купувале на бродот, освен парите потрошени за сувенири и во казината.

Патниците ќе добијат и бон за идно патување во вредност од ова кое пропадна.

-Многу ни е жал поради непријатностите и фрустрациите кои ги чувствуваат нашите гости-изјави   Кејхил.
Компанијата е сопственик на потонатиот брод “Коста Конкордија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top