Со 117 за и ниту еден против или воздржан пратениците го поддржаа предлогот на ДУИ за распуштање на Собранието. Не очекуваат предвремени парламентарни избори. Се очекува претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, до крајот на неделата, а не е ислучено уште утре, да ги распише предвремените избори, кои најверојатно ќе се оддржат на 27 април, денот кога ќе се одржува вториот круг од претседателските избори.
Во денешната собраниска расправа предлагачот рече дека иницијативата била резултат на пропаднатата идеја за консензуален кандидат за претседател и покрај тоа што, според ДУИ, идејата била во интерес на граѓаните и државата, а не била политичка уцена.
„Денеска кога расправаме за распуштање на Собранието, чекор кој дојде поради неприфаќањето на нашата понуда, сметаме дека имаме уште многу долг пат за да постигнеме степен на политичка зрелост и храброст за носење на историски одлуки за државата. ДУИ смета дека одржувањето на предвремените парламентарни избори е корисно за подобрување и унапредување на дијалогот и односите со соседните земји, како и можност за отворање на теми кои се од интерес на граѓаните и на државата“, рече Неџати Јакупи, ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ соопштија дека идејата на ДУИ била неприфатлива, а иницијативата за распуштање на Собранието ја поддржаа, бидејќи преку тоа се овозможува да се постигне излезност за избор на претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.