| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат министер во Мостар

bosnia-3.si

Министерот за образование на Херцеговско-неретванскиот кантон Златко Хаџиомеровиќ нападнат за време на денешните протести во Мостар, додека излегувал до зградата на кантоналната влада. Според полициски извори, тој здобил повеќе удри од еден од учесниците на демонстрациите.

„По инцидентот министерот се упатил во здравствена установа, а потоа и во полициската управа во Мостар, каде што поднесе пријава против напаѓачот“, изјави портпаролот на кантоналното МВР, Среќко Бошњак.

На протестите имало стотина граѓани кои уште еднаш изразија незадоволство од актуелната состојба во овој регион на Босна и Херцеговина.

Демонстрантите порачаа дека нема да отстапат од своите барања и дека нема да дозволат никакви поделби на „бошњачки и хрватски дел на градот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top