Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтервата скала денеска ги разбуди жителите на Мостар. Во шест часот утринава жителите ги испаничи потресот на 84 километри југозападно од главниот град Сараево и на седум километри јужно од Широки Бријег со длабочина од 10 километри.
Потоа, по овој потрес во 6 часот и 14 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтер, на длабочина од 2 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.