| четврток, 6 декември 2018 |

Косово – Стоп за Коштуница

koshtunitsa

Косовската полиција денеска на поранешниот српски премиер и актуелен лидер на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница  не му дозволи да го посети северниот дел на Косово.

Коштуница и членовите на партиската делегација, во која бил и заменик лидерот на ДСС, Слободан Самарџиќ, биле пресретнати од припадници на косовската полиција во местото Лепосавиќ и биле вратени до преминот Јариње на границата меѓу Србија и Косово.

Опозициската ДСС вечерва требаше да одржи предизборен митинг во Косовска Митровица.

Канцеларијата на српската Влада за Косово и Метохија ја осуди постапката на косовската полиција, оценувајќи ја како „демонстрација на сила од страна на Приштина“.

Канцеларијата воено побара од Мисјата ЕУЛЕКС да ја објасни полициската постапка, нагласувајќи дека со неа „се прекршени сите договори од Брисел, вклучително и оној за слобода на движењето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top