Некогаш најдобриот фудбалер во Светот Роналдињо кога ќе ја заврши фудбалерската кариера, се сели во музиката, а неговите раперски квалитети ги покажа на карневалот во Бразил.
Колку ужива во музиката Роналдињо покажа уште на почетокот на годината кога објави видео-спот на кој рапува со пејачот Ед Сити, а тие двајца настапија и на карневалот во Бразил.
Оваа забава сепак не можеше да не помине без проблеми за Роналдињо, бидејќи поради лудувањето до раните утрински часови закаснил на тренингот на Атлетико Минеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.