Разбираме што СДСМ постојано плаче од ВМРО-ДПМНЕ, ама сега пак почна да плаче и од ГРОМ! Тие, всушност, во последно време почнаа се почесто да плачат, пишува во реакцијата од партијата на Стевче Јакимовски на пресот на општинскиот подмладок на СДСМ во кој го обвинуваат градоначалникот на Карпош дека од локалниот весник направил свое лично гласило.
Во реакцијата на ГРОМ меѓу другото се вели – бродот што тоне, наречен Социјалдемократски сојуз на Македонија, во последно време е преполн со плачковци, бидејќи ништо друго не се слуша оттаму освен пискотници. За некоја идеа, за креативност – не станува збор. СДСМ има најмалку право да зборува, зашто со триста плачења успеаја да го сменат Изборниот законик само во своја полза, да си обезбедат медиумско претставување само за себе и за ВМРО-ДПМНЕ, не водејќи сметка за вонпарламентарните парти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.