| четврток, 6 декември 2018 |

Москва му порача на Западот: Ако ни воведете санкции, ќе ви го заплениме сиот имот и пари во Русија!

Американскиот претседател Барак Обама вчера разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за можно решение на украинската криза која ескалираше со руската интервенција во украинскиот регион во Крим. Како што информираат западните медиуми, Обама и Меркел и предложиле на Русија да ги повлече силите од Крим назад во нивните бази и да ги органичи руските сили во рамките на дозволениот лимит од 11.000 припадници на силите во Украина, но и да дозволи присуство на меѓународни набљудувачи кои би го надгледувале почитувањето на човековите права на етничките Руси.

САД истовремено го зголемуваат притисокот врз Русија во соработка со своите западни сојузници и притоа беа најавени санкции.

Рускиот претседател Владимир Путин  негираше дека руските вооружени сили се ангажирани во заземањето на Крим, но го повтори стојалиштето дека има право да испрати војска на Крим за да ги заштити руските сонародници, кои, според неговите зборови, се чувствуваат загрозени откако беше сменет претседателот Виктор Јанукович и воспоставена нова украинска влада.

Што се однесува до најавените санкции Москав до западот упати порака со која соопштува дека доколку спроведат санкции сиот имот и парите во Русија ќе им бидат запленети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top