| четврток, 6 декември 2018 |

„Њујорк тајмс“ објави исправка по 161 година

woman-reads-the-new-york-times-on-the-subway

Весникот „Њујорк тајмс“ објави исправка на вест стара 161 година.

Грешката која ја објавил весникот ја воочил еден корисник на социјалната мрежа твитер.

Во насловот на веста која ја објавил „Њујорк тајмс“ во 1853 година пишува дека робот Соломон Нортуп, чија животна приказна е сижето на филмот „12 години робија“, годинешниот добитник на „Оскар“, се вика Соломон Нортруп, а понатаму во текстот Нортроп.

Поради печатна грешка, „Њујорк тајмс“ објави исправка во вторникот, по 161 година.

Соломон Нортуп живеел во Њујорк, до 1841 година а потоа бил продаден за роб. Слобода стекнал во 1853 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top