Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао секојдневно работи на неговото закрепнување како би можел да се врати на теренот и да игра на Светското првенство во Бразил.
До стартот на Мундијалот останаа уште точно 100 дена, а сите љубители на фудбалот се надеваат дека Фалкао ќе успее да се врати од повредата до тогаш. Во меѓувреме Радамел тренира со популарната песна „Eye of the tiger“ со која и Силвестер Сталоне вежбаше во улогата на Роки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.