Амбициите да биде престедател на фудбалската федерација на Романија, паднаа во вода за Георге Попеску и наместо функција, тој ќе оди в затвор и тоа цели 3 години. Иконата на романскиот фудбал заглави поради затајување на данок, од продажба на играчи. Со него обвинети се уште седум луѓе, а државата е оштетена за сума од 2 милиони евра.
Веста оддекна шокантно во романските медиуми, бидејќи Попеску е еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа земја, а беше главен кандидат за челната позиција во романската федерација. Георге има играно за гигантите Барселона, Галатасарај, за Тотенхем, ПСВ Ајндховен, а настапуваше и за двата најголеми клубови во Романија, Стеауа и Динамо Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.