За првпат и македонскиот кандидат Даниел Кајмакоски доби малку полоши коментари од жирито, но тие, сепак, беа далеку од негативни. Како што и самата водителка Ана Грубин, му кажа – редно време беше, ќе помислевме дека нешто не е во ред.
Имено, Даниел малку го згреши почетокот на песнта на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ, „Љубави“, но потоа брзо се припра и заврши со навистина одлична изведба на крајот.
Сепак, неговиот ментор воопшто не му замери за оваа грешка.
– И кога малку грешиш, грешиш со стил – му рече Жељко додавајќи дека „се гледаат во финале“.
Кајмакоски, сепак, продолжува понатаму во големото финале на „Икс-фактор“, а кој го напушти шоуто погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)