| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Металург се намачија, но ја прекинаа црната серија порази

Ракометарите на Металург го совладаа српскиот шампион Војводина со резултат од 29:27 во натпревар од СЕХА лигата. Со оваа победа македонскиот вицепрвак ја прекина серијата од три пораза во регионалната лига.
Металург и на оваа средба настапи без Атман и Вугринец, а за тимот од Автокоманда дебитираше последното засилување Борозан.

Лино Червар во најголемиот дел од натпреварот комбинираше во нападот, па оттука во текот на сите 60 минути се водеше израмнета борба.

Манасков и Миркуловски со по шест голови ги предводеа стрелците на Металург, додека Станиќ на голот имаше 12 успешни интервенции.

Со оваа победа Металург на табелата, со натпревар повеќе, се израмни според бројот на бодовите со четвртопласираниот Вардар. Двете македонски екипи имаат по 28 бодови.

Лидер во СЕХА лигата е Загреб со 37 бодови, еден повеќе од Татран Прешов, додека Брест Мешков има 30 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top