| четврток, 6 декември 2018 |

Делегатите на СДСМ едногласно одлучија – Пендаровски е нивниот кандидат за претседател

Едногласно, сите 588  присутни делегати на 16. партиски Конгрес на СДСМ со својот глас ја поддржаа и потврдија кандидатурата на професорот Стево Пендаровски за претседател на Македононија.

Конгресот се одржува во хотелот „Александар Палас“ под слоганот „Македонија залужува претседател“.

– Ако чекаме гладот да го надвладее стравот, ќе биде доцна – го започна својот говор кандидатот за претседател Пендаровски, додавајќи дека негова прва задача е враќање на достоинството и важноста на институцијата претседател на Република Македонија.

– Најважна задача ќе биде да ја вратиме Македонија на нормален колосек. Граѓаните ќе бидат клучниот фактор и коректив, ниеден закон нема да биде поддржан ако не е во согласност со интересите на граѓаните. Горд сум што имав можност да бидат соработник на двајцата поранешни претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски – изјави Пендаровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top