| четврток, 6 декември 2018 |

Нов гаф на лидерот – Заев ја врати СДСМ еден век назад

Во својот говор на конгресот на СДСМ лидерот на партијата уште еднаш кој знае по кој пат пред јавноста направи гаф.

Говорејќи за начинот и процедурите на конгресот на кој  Стево Пендаровски станува кандидат за претседател од редовите на СДСМ Заев го утна векот во кој живееме.

Наместо да каже дека одлуката за кандидатура била донесена од централниот одбор на 4 март 2014 година струмичкиот градоначалник се врати цели сто години назад и рече дека за Пендаровски се расправа на 4 март 1914 година.

Видеото погледнете го тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top