| четврток, 6 декември 2018 |

„ОКТА“ со профитабилни перформанси како резултат на фокусот на ефикасност и контрола на трошоците

„ОКТА“ продолжува со подобрување на перформансите, објавувајќи ги позитивните финансиски резултати за четвртото тромесечие од 2013 година. Вкупната добивка пред камата, даноци и амортизација, исклучувајќи ги трошоците за реорганизација и други трошоци за 2013 година е 217 милиони денари и е значително подобрена во споредба со загубата од 338 милиони денари во 2012 година, велат во соопштението за медиумите од оваа компанија.

Во 2013 година „ОКТА“ ги подобри своите резултати преку фокусирање на најпрофитабилните сегменти на домашниот и странските пазари. Вкупниот годишен обем трпеше негитивно влијание од намалената потрошувачка во земјата како и поради зголемената конкуренција на пазарот. Недостатокот на ефективна контрола на спецификациите и квалитетот на горивата понудени од помали увозници често создаваше нелојална конкуретна средина за „ОКТА“. Во 2013 година перформансите се подобруваа континуирано, после првиот квартал кој беше нагативен како резултат на влијанието на високите трошоци поврзани со последниот производствен циклус на рафинеријата. Во предизвикувачките услови на пазарот, „ОКТА“ успеа да ги подобри перформансите со фокус на ефикасноста и контрола на трошоците како и со преземање на радикална оперативна и организациска трансформација.

„ОКТА“ како најголем и со стратешка важност снабдувач на горива во земјата останува посветена на обезбедување на горива со највисок квалитет согласно европските стандарди.

Заштита на животната средината и грижата за општеството искажана преку постојани корпоративно општествено одговорни активности остануваат врвни приоритети на Компанијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top