| четврток, 6 декември 2018 |

Суштината на маркетингот е многу повеќе од само една реклама

Од 14 до 16 март на Академија за менаџери ќе се одржи специјализирано предавање на тема „Интегрирани маркетинг комуникации“, едукативен модул што го изучува процесот на креирање интегрирана маркетинг стратегија.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со различните терминологии, современи теории, како и со најновите случувања и иновации. Посебен фокус ќе биде даден на вредноста на интегрираниот маркетинг микс и продажната промоција.

Моделот опфаќа и разгледување на примери и случаи од индустријата на меѓународно ниво, а се одвива согласно потребите на пазарот, карактеристиките на производот, услугата и современите алатки и технологии. Концептите на интегрирани маркетинг комуникации, целите и ефектите од имплементација, однесувањето на потрошувачите, креативни и алтернативни стратегии, дизајн и продукција, медиа планирање, позиционирање на производ, промоции во малопродажен сектор, се само дел од областите што ќе се изучуваат за постигнување на максимална вредност.

Знаењата стекнати преку изучување на модулот „Интегрирани маркетинг комуникации“ се неопходноста и важноста од новите медиуми, медиа политиката и медиа изборот, влијанијата од адвертајзингот врз општеството, економијата и бизнисот како и разбирање на важноста маркетинг комуникацискиот план како дел од маркетинг стратегијата.

Предавач е Крис Лиасидис, професор со седумнаесетгодишно искуство по маркетинг менаџмент и оперативен менаџмент на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд – СИТИ Колеџ, и академски директор на Постдипломските студии по Бизнис администрација и економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top