Аvrm.gov.mk е веб сервис каде што за прв пат во Македонија на едно место ја има понудата и побарувачката на работна сила. Ваквите места во светот се познати како џоб маркет.
Овој веб сајт е проект на Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјала со цел навремено и брзо информирање за можностите за вработување.
Како никогаш досега преку овој веб сервис на транспарентен начин се прикажуваат сите слободни работни места во Македонија со точно утврдена бројка која варира во текот на денот согласно слободните работни места.
Ова значи дека во секој момент граѓаните можат да добијат информација за тоа колку слободни работни места во моментот има во државата и за истите да аплицираат. Со што на барателите на работа им се овозможува полесно да дојдат до ново работно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.