Велшанката Гејнор Жепка (25) почуствувала во текот на ноќта на 16 февруари остри болки во стомакот. Мислела дека се работи за воспаление на дебелото црево. По неколку часови, на сопствено вџашување, родила здраво момче иако претходните девет месеци не се ни посомневала дека е бремена.
Младата продавачка од супермаркетот, која во текот на бременоста работела без слободни денови и ги извршувала сите вообичаени работи, па дури истрча и полумаратон, била во шок кога сфатила дека станала мајка.
– Ме разбудија бодежи во стомакот, па отидов во тоалет. Се чувствував како некој да ме прободува со нож. Се вратив во кревет, но околу пет наутро се влоши состојбата. Во тоалет во седечка положба не ми беше добро поради што станав. Во моментот кога се напнав, бебето само излезе од мене – раскажа новопечената мајка, која потоа паднала на подот и почнала да плаче.
За неочекуваната принова се израдувале и нејзините родители, а изненадувањето било најпријатно за таткото, со кого Гејнор се забавувала околу една година.
– Во текот на бременоста имав редовен месечен циклус, а се здебелив само шест килограми, кои ги препишав на празниците. Ни на крај памет не ми беше да чекам бебе – раскажа таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.