Обединетите нации скриле од јавноста извештај на шефот на мисијата за просторна програма на ОН, Бакари Канте, во кој се вели дека НАТО во 1999 година за време на бомбардирањето исфрлиле на Косово десет тони осиромашен ураниум, јави „Танјуг“ повикувајќи се на порталот „Газетаекспрес“.
-Извештајот објаснува дека бомбардирањето на НАТО влијаело врз квалитетот на воздухот, земјата и на водата што резултирало со последици во синџирот на исхрана. Како последица од тоа, кај идните генерации има зголемен број на заболени од рак, леукемија, абортуси, деформации на новородени бебиња – наведува „Газетаекспрес“.
Делови од тој извештај излегле во јавноста благодарение на американскиот новинар Роберт Парсонс, кој имал увид во извештајот на Канте и го објавил во јуни 1999 година во швајцарскиот весник „Ле Куриер“ со наслов „Алармантен скриен извештај за последиците од бомбардирањето врз Југославија“.
Парсонс во интервју за „Вести“, обелоденува дека извештаите за последиците од употребата на оружје со осиромашен ураниум по здравјето на народот на Балканот биле критикувани и изменети во канцеларии на ОН, пренесоа косовски медиуми. Извештајот бил категоричен во оценката дека идните генерации што ќе живеат на тие места каде што биле фрлени бомбите ќе заболуваат од рак, леукемија и дека ќе се зголеми бројот на деформации кај новородени бебиња.
– Во извештајот на Канте се вели дека поради бомбардирањето, природата во Југославија е контаминирана со опасни материи меѓу кои и најопасната ПЦБ, исклучително канцероген и одговорен за имуни заболувања. Во извештајот се вели дека еден литар ПЦБ е дововолно за контаминирање милијарда галони вода – пренесува „Газетаекспрес“.
Парсонс вели дека извор го информирал оти во јули 1999 година група научници Швајцарци дошле до драматичен заклучок за ефектот на осиромашениот ураниум на Балканот повеќе отколку што било наведено во извештајот на Канте.
– Нивното истражување било дел од активностите на дипломатската група ФОКУС во која биле Швајцарија, Австрија, Русија, Грција. Откако Швајцарија ги платила трошоците сите останати членови требало да молчат – вели Парсонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба