На трите жртви од убиството кај Смилковското Езеро им е пукано одзади, а само на две однапред, во пределот на стомакот, објасни денес специјалистот за судски вештачења, Билјана Јаневска на судското рочиште за случајот Монструм.
Вештањето било направено ноќта на 13 април,а главната цел на вештаците била да откријат која е смртоносната рана. Биле откриени нитратни честички на облеката на жртвите кои посочувале дека им е пукано од блиско растојание.
Кај младиот Цветанчо Ацевски се утврдени четири рани од огнено оружје. За него фатална била онаа на вратот. На Филип Славковски бил убиен во пределот на грбот. Огнострелната рана предзвикала оштетување на белите дробови.
Кире Тричковски и Александар Наќевски се соочиле со убијците. Им било пукано однапред, во пределот на стомакот. Наќевски бил погоден со најмногу проектили.
Кај рибарот Борче Стефковски се констатирани четири рани од огнено оружје, еден проектил завршил во неговата глава. .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа


