| четврток, 6 декември 2018 |

Колдинг ја одбра помалата сала за мечот против Металург, ќе се игра пред помалку од 3 илјади гледачи

Данскиот шампион Колдинг ја одбра помалата сала „Tre For“ со капацитет од само 2.800 гледачи за реванш мечот со Металург во осминафиналето од Лигата на шампионите. Данците имаа и поинаква опција да играат во Брондби, во арена што има капацитет од 5 илјади седишта, но се одлучија за поинаква солуција.

Реваншот е закажан за 30. март, а Данците веќе почнаа со продажба на билети за тој меч и тоа по цена од 10 до 20 евра. Првиот меч ќе се игра во Скопје на 23 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top